x

Осимен: Ништо не е невозможно. Како дете продавав вода на улица, сега играм за Наполи

osimen

Виктор Осимен летоска направи трансфер вреден 70 милиони евра и тоа од француски Лил прејде во италијанскиот Наполи. Нигериецот почна да игра за Наполи и остава добар впечаток. Во интервју се присетува на почетоците и на детството.

Ова е исполнување на сонот. Неверојатно е. Ако некој ми кажеше пред три години дека ќе играм за еден од најголемите европски клубови ќе го направев луд. Имав стресен и тежок живот. Тоа беа тажни и болни години за мене и моите браќа и сестри. Мајка ми почина, три месеци подоцна татко ми остана без работа и како дете морав да продавам вода на улиците во Лагос за да преживеам. Роден сум и израснат во Лагос“, вели Осимен.

Осимен по СП У17 во 2015 година потпишува пред договор со Волфзбург но не се снаоѓа најдобро поради што е принуден да отиде во Белгија.

Не можев да се снајдам во Волфзбург. Таму ми беше тешко да се прилагодам. Одбив два белгиски клуба, а на крајот решив да отидам во Шарлроа. Така почна мојата фудбалска одисеја во Европа. Од таму отидов во Лил, сега сум во Наполи. Сега верувам дека ништо не е невозможно. Продолжувам напорно да работам и да напредувам. Можам да кажам дека го исполнив сонот“, вели Осимен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата