За Велигден црквите празни, граѓаните дома, но на орото во Гевгелија сите соседи на број. Празнично гевгеличани фатени за рака вртат оро на среде улица. Ова видео објавено на социјалните мрежи предизвика бројни реакции, но и интервенција од полицијата и ОЈО.

МВР во координација со Јавното обвинителство ќе бидат санкционирани сите кои ја прекршиле забраната за движење. Се преземаат соодветни мерки и активности и сите кои ги кршат законите ќе бидат соодветно санкционирани.

Ова не е прв случај на масовно прекршување на полициски час, пред една недела жители од Синѓелиќ излегоа на протест. Стотина граѓани решиле да протестираат за тројца сожители кои биле приведени поради прекршување на мерката. За овој настан МВР до сега идентификувала 24 лица кои ќе бидат кривично гонети но истрага се води и за останатите.

Во соседните држави инвентивноста оди до таму што повозрасни граѓани во Србија, согласно мерките за социјална дистанца сепак изнајдоа начин како безбедно да изиграат оро.

Инаку казните за непочитување на полициски час за физички лица се движат од 2000 до 2500 евра или казна затвор до една година.