x

Орие и Сисоко невнимателни: И повторно во Тотенхем се кршат правилата!

Има веќе десет дена откако играчите на Тотенхем под водство на Жозе Мурињо почнаа со тренинзи, со ветување дека ќе се придржуваат кон правилата во време на коронавирусот. Но тоа траеше само неколку дена, дел од играчите на Жозе при џогингот не држеа социјална дистанца, потоа тој се извини зошто тоа се случуваше пред негови очи.

Вчера нов мал инцидент, овојпат од страна на Муса Сисоко и Серж Орие. Десниот бек „шеруваше“ снимка како џогира  заедно со својот клупски колега, но многу брзо тоа видео беше симнато од интернет. 

Подоцна во заедничкото соопштение, тие се извинија, и кажаа дека двајцата ќе донираат свои пари во битката против Ковид-19.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата