Организирана банда обива и подолго време  обива и ограбува автомобили на средно Водно. Во изминатиов период повеќе граѓани се пожалија дека откако ги оставиле своите автомобили на паркингот, подоцна истите  ги пронашле со искршени стакла и украдени предмети од внатрешноста на автомобилот.

Според информациите на Вечер.мк ова се случува речиси секој ден изминатиов период, а само во текот на денешниот ден се искршени и ограбени најмалку пет автомобили.

Информациите говорат дека напаѓачите откако ги ограбиле автомобилите влегле во автомобил марка “голф“ и набрзина го напуштиле паркингот на средно Водно.

Засега не е познато колку од тие случаи се пријавени во полиција, но очигледно се работи за добро организирана криминална група која добро го разбира теренот и ги има разработено периодите во кои е најмало движењето на луѓе како би можеле полесно да „оперираат“ на паркингот.