Утре е последна шанса за договор, оти од вторник на полноќ започнува да важи одлуката за распуштање на Собранието, 60 дена пред првично договорениот датум за избори на 24 април, објави вчеравечер на Твитер евроамбасадорот Аиво Орав.

„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараа за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре, е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан”, напиша Орав.

Според најавите, денес во Скопје треба да пристигнат бриселската тројка Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со цел да помогнат да се изнајде решение за политичката криза во која западна земјата.