Владата да обезбеди одредена количина заштитини маски за кумановци и мегафони за известување побара Општинскиот кризен штаб на денешната 34-та седница. Маските бесплатно ќе бидат доставени до граѓаните, согласно донесените мерки за задолжително носење. Мегафоните ќе се користат за известување на граѓаните.

– Бараме од  Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на КОВИД – 19  (коронавирус) до граѓаните како и пропратно информирање на Центарот за јавно здравје – Куманово и ОШЗС Куманово, се наведува во соопштението од штабот.

Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно кон себе и спрема другите околу нив.

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии, се наведува во соопштението.