Симболите, како што информира општина Кисела Вода, во себе ги интегрираат географските, стопанските и природните карактеристики на општина Кисела Вода во денешните граници, како и нејзината историја.

– Минималистички се дизајнирани со комбинација на едноставни елементи кои ја симболизираат општината и нејзината територија-штит, црква, сонце, планина, небо и вода, изведени на начин кој овозможува лесна и единствена апликација на секаков медиум. Доминантната боја е црвената, содржана во скоро сите елементи од македонското културно наследство во комбинација со бела боја, се вели во соопштението од општина Кисела Вода.

На креаторот на идејното решение Ласко Џуровски му беше врачена благодарница, но и паричната награда предвидена од Советот на Кисела Вода, која изнесува 50 илјади денари.