Oпштина Гази Баба преку Кризниот штаб донесе одлука за поставување на четири пунктови за автоматско дезинфицирање на возилата.

Пунктовите се поставени на сите четири влезови и излези од општината.

Првиот пункт е поставен на улица „Благоја Стефковски” кај кино Маџари, опфаќајќи ги сите возила од Петровец и околните населени места од Дрма до Хиподром, вториот пункт кај ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци опфаќајќи ги населените места од Раштак до Стајковци, како и сите возила кои влегуваат од северната обиколница. Третиот пункт е поставен во близина на С-маркет опфаќајќи ги сите возила кои влегуваат или излегуваат во општината од страна на Арачиново. Четвртиот пункт ќе биде поставен на улицата “Коце Металец” во Железара, опфаќајќи ги сите возила кои догаѓаат од страна на општина Бутел.

Сите пунктови имаат целодневен надзор од екипи на ЈКП Гази Баба, додека за време на полицискиот час надзорот го вршат полициските службеници.

Општина Гази Баба изразува голема благодарност до професорите и инженерите во средните училишта “8-ми Септември” и “Михајло Пупин” кои по барање на Кризниот штаб, ја изработија конструкцијата и автоматиката на пунктовите за автоматско дезинфицирање на возилата.
Апелираме до граѓаните да ги одржуваат пунктовите и истите да не бидат оштетувани.

извор: Makfax