Согласно утврдениот оперативен план на кризниот штаб, општина Гази Баба реализира неколку акции за дезинфицирање на јавните површини и објекти, како и чистење на улиците во општината.

Екипите на Институтот за јавно здравје го дезинфицираа домот за згрижување деца “Ранка Милановиќ” а рачно се чистеа и двата плоштади во Автокоманда, Коцка и Филип Втори.
Акцијата продолжува во текот и на другите денови во останатите населени места.

извор: Makfax