Средствата во износ од 500.000 денари, кои беа планирани за новогодишната програма што не се одржа, се доделуваат од буџетот на општината Битола, одлучија членовите на општинскиот Совет.

Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин” е единствена установа од ваков тип во државата во која учат деца на возраст од 3 до 17 години, а се уште нема Сензорна соба, се појаснува во образложението на одлуката.

Членовите на Советот на општина Битола одлучија остатокот од средствата планирани за новогодишната програма, да бидат доделени на лица кои примаат социјална помош.