Опра купува куќа во Дубровник
Светски познатата ТВ водителка Опра Винфри била решена да купа една луксузна куќа во стариот дел на Дуборвник, чија моментална вредност е околу пет милиони долари. Таа досега никогаш не била во Дубровник, ниту пак на Јадарнот, но наскоро ќе дошла за да ја види и плати убавата трикатна куќа. Вкупната површина на објектот е околу 600 квадрати и во него има пет луксузно опремени апартмани.
Можеби звучи чудно, но е логично прашањето : како Опра се решила така на невидено да купува куќа во Дубровник? Енигмата ја разрешува сознанието на дубровчаните дека споственикот на луксузната куќа е американски Хрват, кој не сака да го открие својот идентитет пред јавноста. Наводно, тој и бил пријател на Опра и успеал да ја наговори барем да ја види куќата.