Кабинетот на премиерот Хари Костов во саботата на полноќ, очекувано, доби преодна оценка од парламентарното мнозинство, со искажаната доверба од 67 пратеници. Од потпи- шаните 24 опозиционери на барањето за гласање за недоверба на Владата, 22 беа против. Првопотпиш аниот на барањето, практично, иницијаторот за собраниската дебата како работи оваа Влада, Љубчо Георгиевски, не успеа да дојде до собраниската говорница, затоа што пратениците од власта беа побрзи во пријавувањето за збор. ДПА од тие причини и ја напушти седницата, со коментар од Замир Дика : “Ова личи на квискотека, кој побргу ќе стисне копче”. И лидерот на ВМРОДПМНЕ, кој не беше потпишан на иницијативата се пријави да зборува, но и тој не успеа да дојде на ред. Затоа пак долго зборуваа неколку приврзеници на таборот на Георгиевски, и единствено двајца претставници од пратеничкото мнозинство. Според договорот на спикерот Јордановски со министрите, присутни во Парламентот, преку реплики од три минути по секој пратенич ки говор, тие се обидуваа да ја отапат острицата од пратенич- ките обвинувања, бранејќ и се со некакви бројки за тоа што го сработиле. Опозицијата, која сфати дека не може со илјада контрареплики од страна на власта да ја контролира состојбата, се обиде да објасни дека не се работи за интерпелација, па затоа само премиерот треба да им се обрати на пратениците. На тоа, Јордановски, во негов стил, искоментира:” Не може некого да тепаш, а да не му дозволиш да плаче”. Затоа седницата беше “веќе видено”, со позната завршница, каде опозицијата ја “маваше” Владата за, според нив, влошената безбедносна и економска состојба, отсуство на реформи во образованието и здравството, корупција, зависно судство, зголемување на невработеноста, тонење во сиромаш- тија и наведување на, според нив, афери во кои како виновници нај- често беа посочувани министрите Буџаку, Селмани, Бучковски и Јакимовски. Неколку навистина жестоки говори од иницијаторите, каде беа директно посочувани грешките на Владата, поради генерално несплотената опозиција и во тие моменти, беа “надгласани”. Не се успеа во намерата парламентарната расправа да се искористи како “загревање” за претстојниот референдум, атмосферата се разводнуваш е, напати таа дури личеше на кабинетска дебата, со мали “осве- жувања”, кои, сигурно, не го допреа вистински нервот на граѓаните. Тоа не значи дека јавноста “падна” на “фактите” од екипажот на Костов, затоа што таа сигурно знае како живее, па порастот на сите економски индекси веруваме не ја увери дека треба да се чувствува посреќна. Од тие причини, фарсата наречена гласање за доверба на Влада, отвори неколку моменти кои вредат анализи и коментари. Меѓу другото, и завршниот говор на премиерот Хари Костов, којшто и не помисли вистински да се осврне на пропустите, грешките и наведените афери од неговиот кабинет. Откако си го кажа впечатокот дека присуствувал на долга и непродуктивна седница, во 25- минутниот говор единствениот противаргумент што го понуди наспроти сите жестоки пратенич ки обвинувања бе- ше:”Проблемот на опозицијата е во тоа што станува збор за концепциски разлики од, условно речено, лева и десна страна, во правец на економски концепции и реформи”