Шесте главни политички партии во Танзанија се договорија да соработуваат во борбата против зголемениот авторитаризам во земјата.

По дводневната средба на островот Занзибар, лидерите и високите функционери во партиите објавија заедничко соопштение во кое тие го критикуваат Џон Магуфули дека не успеал да ја увиди репресивната влада која владините критичари ги нарече предавници на земјата.

Магуфули, кој го доби прекарот Булдожерот, дојде на власт во 2015 година и првично беше поздравен за неговиот остар став против корупцијата, но оттогаш критичарите го обвинија за поттикнување на нетолеранција.

Неговата влада им забрани на неколку медиумски организации да емитуваат антивладина програма и вршеше притисок врз опозициски лидери и активисти.

извор: Makfax