Актерот Андрија Милошевиќ ги изненади фановите со последната објава на Инстаграм. Андрија објави видео од болницата, каде им се обрати на своите следбеници за време на појадокот.

Чајо, парче леб и мед беа послужени на масата пред него.

– Болнички појадок, чај, мед и леб, затоа што по успешна операција, мора да се крка – рече актерот.

Не е познато за каква операција станува збор, бидејќи актерот досега не се огласил, кога станува збор за неговата здравствена состојба. Како и секогаш, тој пријде на целата ситуација од посветла страна и се гледа дека не го изгубил хуморот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Vodič kroz bolničku prehranu! Doručak, ručak, večera.. #hospitalmukbang #hospitalcoach

A post shared by andrijamilosevic_official (@andrijamilosevic_official) on