Во тек е акција за спасување на 80 мигранти и бегалци во гумен чамец во Егејското Море, северно од островот Самос, јавува грчката новинска агенција АНА.

На морето се патролните поморски пловила на грчката крајбрежна стража, обичен патролен брод, а во операцијата учествува и хеликоптер на „Фронтекс“.

Еден од патниците во чамецот, наводно, го повикал европскиот број за итни случаи 112 по телефон и ги информирал дека се во неволја.

Во меѓувреме, крајбрежната стража соопшти дека спасила 92 мигранти во изминатите 24 часа во три одделни акции во водите кај Лезбос и Самос.

извор: Makfax