Оперативната сала како месарница
Реновираните хируршки сали на Клиниката за урологија се враќааат на поправен поради пропусти на изведувачот. Со тоа инвестициските зафати, кои требаше да бидат комплетирани за 20 дена, го фаќаат третиот месец, а уролозите се подзинати од она што го добиле како реновиран хируршки блок. Раководството на Клиниката официјално молчи за целиот случај, иако меѓу операторите се озборува дека место обновени и освременети хирушки сали, добиле простор кој повеќе прилега за месарница. Помошник-директорот за хуруршки дејности во Клиничкиот ценатар, проф. д-р Ацо Димов вели дека не е потребно да се крева прав и оти малите пропусти ќе бидат коригирани од изведувачот “Најбитно е дека салите се реновирани и подобри. Факт е дека немаме пари за да го обезбедиме она што некој го посакува, односно дека средствата ни ги ограничуваат можностите”, рече тој. Наспртои ваквите смирувачки изјави, хирурзите кои го виделе реновираното се категорични дека некој експериментирал. ”Во хирургијата има стандарди и нема простор за импровизации. Тие постојано се надградуваат, но факт е дека во хируршка сала веќе одамна не се дозволени ќошиња, фуги, жици по и врз антистатичкиот под…”, објаснува еден од нашите соговорници. Според негов колега, современите оперативни сали се и без плочки, а најмалку до одредена височина како во месарница. “Ѕидните површини мора да се мазни и за тоа се користат специјални материјали Јас имам големо искуство, но бели плочки во хирушка сала нема никаде. Не од некој бес, туку поради тоа што во нив се оперира, прска крв… Па и пред две децнии кога се градеше хируршкиот блок не случајно беа ставени плочки во зелена боја и тоа на целата ѕидна површина. Замислете крвава флека на белата подлога. Настрана тоа што тогашните стандарди во хирургијата, не се исти со сегашните ”, прецизира тој.
Хирурзите велат дека одговорноста за проблемите несомнено е и кај оние кои биле задолжени за надзорот.
Изведувачот (никој не го кажува името на фирмата) е избран на тендер, а во сегашниве финансиски услови еден од главните критериуми ни се парите.
Ристе НЕДАНОВСКИ