Италија ги предупредува своите граѓани: Можни терористички напади во Србија, Црна Гора…

На мапата, која според податоците на министерството ја објави порталот Corriere.it, им се препорачуваат мерки на внимателност на сите Италијани кои планираат да патуваат во Западен Балкан.

Министерството за внатрешни работи ја Италија ја означило Црна Гора како потенцијална точка во која терорстите би можеле да влезат.

На мапата со портокалово е означено „не патувај ако не е неопходно”, „не се препорачува” со црвена боја и „без посебен ризик” со зелена боја.

Официјален Рим наведува дека во оваа мапа се вклучени и пристаништата Анкона и Бари кои би можеле да бидат евентуална мета за терористичи напади.