Обединетите Нации не се вклучени во отворањето хуманитарни коридори за внатрешно раселените лица кои го напуштаат сирискиот камп за бегалци Рукбан, изјави портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, Јенс Лерке, во понеделникот, пренесува ТАСС.

„ОН не се вклучени во отворањето на хуманитарните коридори од Рукбан”. Иницијативата е објавена од страна на сириските и руските власти и наводно ќе почне на 19 февруари во 9 часот,” истакна тој.

Лерке истакна дека ОН го повторува својот апел секое враќање или преместување на беглаците од Рукбан“ да ги почитува клучните принципи односно да е доброволно, безбедно, достоинствено и во согласност со минималните стандарди за заштита”.

Москва и Дамаск претходно ги повикаа ОН и сириската Арапска Црвена Полумесечина да се приклучат на хуманитарната операција и ги повикаа американските партнери да покажат добра волја во корист на населението во Сирија.

„Рукбан е поставен во безбедносната зона Ал-Танф каде што се наоѓа американската воена база. Милитантите од опозициските групи го блокираат периметарот на безбедната зона. Според ОН, околу 40.000 луѓе, главно жени и деца, моментално се во кампот.

извор: Makfax