Војската на Мјанмар изврши масовни убиства и групни силувања над муслиманите од заедницата Рохиџи со „геноцидни намери”, а командантот на армијата и петте генерали треба да бидат обвинети за најстрашни злосторства, рекоа денеска истражувачите на ОН.

Армијата изврши брутална акција во мјанмарската држава Ракин пред една година, како одговор на нападите на локалните сили на 30 полициски позиции и една воена база. Околу 700.000 Рохинџи избегале и сега живеат во кампови во соседниот Бангладеш.

Myanmar military, Buddhist extremists set Rohingya Muslim villages ablaze
Violence erupted in Myanmar’s Rakhine state on Aug. 25 when the country’s security forces launched an operation against the Rohingya Muslim community.
18.09.2017

Во извештајот од 20 страници се вели дека има доволно информации за да започне истрага и да се гонат високи воени команданти. Владата на Мјанмар, на која однапред и беше испратена копија од извештајот на ОН, не коментираше.

извор: Makfax