x

Онана: Не сакаа да потпишат со мене поради бојата на кожата

Голманот на Ајакс Андре Онана во интервју за холандски „Хет Парол“ зборуваше за својата кариера и како не можел да прејде во друг клуб поради тоа што е црнокожец. Тој зборува дека на црните голмани им е потешко да направат трансфери затоа што сите сметаат дека тие не се доволно добри како белците.

Сфатив дека не е лесно да се биде црн голман. За разлика од белците многу потешко се стигнува до врвот. Во мојата прва година во Ајакс стигнавме до финалето на Лига Европа. После финалето, мојот агент зборуваше со еден клуб но од таму одлучија да не потпишат со мене, бидејќи ќе си направат проблеми со навивачите. Причината била затоа што сум бил црн. Глупости. Расизмот постои насекаде. Но јас не зборувам премногу за тоа. Јас сум горд што сум црнец. Не гледам разлика помеѓу голман црнец и голман белец“, изјави Онана.

Гледам некои играчи ги напуштаат натпреварите поради расистички скандирања. Јас не сакам да им го пружам тоа задоволство на непослушните навивачи. Се разбира дека постојат некои граници, но сватете дека навивачите на противничкиот тим ги користат сите средства за да ви наштетат, да ве декоцентрираат и да ги изгубите нервите. Јас не би напуштил натпревари поради расистички скандирања“, вели холандскиот голман.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата