x

Омонија и Аполон го „ловат“ Здравковски

Не е тајна дека Давор Здравковски, нашиот капитен на репрезентацијата до 21. година е ценет на Кипар. Тоа Здравковски со игрите и го заслужи.

Пред само два дена тој за Спортмедиа изјави дека е среќен на таму, дека неговиот клуб АЕЛ Лимасол му нуди нов договор и дека истиот и многу веројатно ќе го прифати, но… Кипраните пишуваат на големо дека Здравковски е мета на најдобриот тим од оваа земја Омонија, но и тимот кој се бори за пласман во Европа, екипата на Аполон.

И не само тоа, овие два тима се подготвени да ја активираат клаузулата во договорот на Здравковски и да платат отштета само да го доведат во своите редови. Кипраните велат дека Омонија како финансиски далеку помоќен клуб има далеку поголеми шанси да го доведе нашиот интернационалец.

Здравковски има во моментов само 22. години, дел е од АЕЛ Лимасол веќе три години, и одигра педесетина мечеви за овој клуб. Во моментов е на крстопат што се вели, очигледно е дека има сериозни понуди на маса, и сите му посакуваме да ја одбере најдобарата за него и да продолжи да се развива во правилна насока.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата