x

Омонија знае што сака – Тричковски!

trickovski-e1570211488223

Омонија се соочува во напаѓачки проблеми оваа сезона. Триото Дуриш, Какулис и Сене не може да се состави – тројцата дадоа вкупно три гола од стартот на сезоната. Всушност, севкупно гледано Омонија го има најслабиот напад со само 10 гола во 9 натпревари. Раководството размислува на нова стратегија – ангажман на нов(и) напаѓач(и).

Според кипарски „24sports“, Омонија го пикирала македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, кој е и најдобриот напаѓач на АЕК Ларнака. Двете причини за кои некогашниот шампион се одлучил за Тричко е што тој може да игра на повеќе позиции во нападот, а и има чувство за гол. Освен тоа раководните луѓе бараат играч кои се целосно адаптирани на кипарскиот фудбал, а не да носат играчи од страна и да ги чекаат да се навикнат на условите на Кипар.

Сепак, се наведува дека трансферот нема да биде така лесен. Тричко има договор со АЕК до 2022, а и прашање е дали екипата од Ларнака ќе сака да го пушти најдобриот фудбалер во редовите на ривалот.

Омонија е спремна да одвои три милиони евра за нашиот репреззентативец.

Тричковски одамна е на Кипар. Во 2009 играше за Енозис, потоа две години во АПОЕЛ. После авантурите во Бриж, Беверен, Ал Наср и полска Легија во 2016 се врати на Кипар и потпиша за АЕК Ларнака за која се уште игра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата