x

ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ: Хрватите со Франција, Словенците со Германија и Шведска

Откако денеска завршија возбудувањата на европското и Африканското ракометно првенство, официјално се комплетираа трите олимписки ракометни турнири од кои ќе се бараат патниците на Летните олимписки игри во Токио.

Според утврдениот распоред, европскиот вицешампион Хрватска отиде во друштво на Франција во групата „2“, каде се уште и селекциите на Португалија и Тунис.

Словенците, пак, кои се четврти на последното ЕП за противници на патот кон Токио добија осто така две еропски селекции: Германија и Шведска, а тука е и Алжир.

На првиот турнир, пак, покрај „бронзената“ Норвешка се и селекциите на Бразил, Ј. Кореја и Чиле.

Олимписките квалификациски турнири се на програмата во април.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата