Олимписките спортови ќе поделат 262 мил. долари
За судбината на одредени спортови на Игрите ќе се гласа во Сингапур во јули: Жак Рог, претседател на ИОК Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Жак Рог објави на средбата на Извршниот комитети на организацијата во Берлин дека 28-те Меѓународни спортски федерации учеснички на Летните олимписки игри во Атина во 2004 година ќе добијат вкупно 262 милиона долари. Најголем дел од 24.2 милиона долари ќе добие Меѓународната атлетска федерација, а помалку популарните спортови, како на пример модерниот петобој, ќе добијат само 6,2 милиона долари. Рог појасни дека решението кои спортови ќе останат во олимписката програма ќе се одлучи на гласањето на генералното собрание на ИОК во Сингапур во јули. Ако некој од спортовите добие помалку од 50 отсто од гласовите на делегатите ќе отпаднат и ќе бидат заменети со еден од петте кандидати за вклучување на Игрите – голф, рагби, сквош, карате и ролери. Нема да има отстапки од олимписката програмата усвоена пред три години во која се вклучени 28 спортови и 10.500 натпреварувачи. Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА) Сеп Балтер го оспори ова гледиште: “Зошто да се точно 28. Може да бидат 29 или 30 спортови. А можно е некои летни спортови, што се играат во сала, да бидат преместени во Зимските олимписки игри”, изјави Балтер. Рог веднаш реагираше дека само спортовите што се играат на снег или мраз, можат да бидат во програмата на Зимските олимписки игри. Пред три години тој имаше идеја да го извади модерниот петобој, безбол и софтбол од програмата и да ги замени со голф и рагби, но тогаш иницијативата не успеа.