x

Олимписките спортови ја добија битката со МОК, кој си го промени и името

Со присуство на 92 од 128. делегати на Собранието, Македонскиoт олимписки комитет денеска се преименува во Олимписки комитет на Северна Македонија. По инструкции на Интернационалниот олимписки комитет, од МОК најавија дека во април треба да се одржи уште едно Собрание на кое ќе се завршат сите планирани измени.

Денеска најжешката тема беше околу промената на Статутот на олимпискиот комитет според кој во иднина мнозинството на гласови ќе го имаат олимписките спортови.

„Уште во 1993 година Самаранч при посетата на Скопје имаше проблеми со Статутот. Денеска имаме 29 олимписки федерации и немаме голем проблем. На почетокот немавме ниту една олимписка федерација, па затоа тој беше направен така. Ова апромена на статутот треба и добро е да ја усвоиме“, изјави првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.

ПРЕГОВОРИТЕ ТРАЕЈА ДО 4 ЧАСОТ УТРОВО

Во името на олимписките федерации, Примислав Димовски откри дека преговорите за начинот на кој ќе се направат промените на Статутот се водени до сабајлево.

„Имавме тешки моменти и преговори. Утрово до 4 часот наутро разговаравме пред да постигнеме договор. ИОК и нашиот спорт нема да западне во криза. Сите засеганати страни треба да ги закопаат секирите, да ги заборават сите лоши зборови и погледи. Денеска почнува нов почеток за МОК. Секој ќе има свое место и глас во ова тело. Сите сме тука колеги, да му дадеме шанса на дијалогот. Сите направивме отстапки и се договоривме блегодарение на господинот Џерим од ИОК со чија помош и дојдовме до договор“, вели Димовски.

Според промените на Статутот во иднина сите 29 олимписки федерации ќе имаат свој делегат во Собранието на МОК. Промените го опфаќаат и Управниот одбор на МОК, каде исто така мнозинството треба да бидат од олимписките спортови.

Во иднина Собранието на МОК ќе има 53 члена, од кои 29 се од олимписките спортови, а 24 се индивидувалци.

Примислав Димовски е избран за потпретседател, како и Перо Антиќ. Инаку, како што најави и Димовски, се до одржувањето на ЛОИ во Токио 2020 нема да се прави промена на претседателското место во МОК.

Нова федерација која влегува во семејството на МОК, но без право на глас, е Снукер федерацијата на Македонија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата