Франција го помина пикот на епидемијата на коронавирус, според  изјавата на министерот за здравство, Оливие Веран.
– Во последните 10 дена, се забележува пад на бројот на нови случаи на КОВИД-19, а стапката на позитивни бележи пад, така да сè укажува на тоа дека го поминавме пикот на епидемијата, рече Веран во едно интервју. 

Повторно ја ставаме ситуацијата под контрола, рече тој.

Францускиот министер за здравство, меѓу другото, рече дека намалувањето на позитивните случаи се случило поради мерките за ограничување, но дека според него вирусот сè уште не е поразен.

Инаку, Франција во неделата објави 27 илјади нови случаи на коронавирус, додека вкупниот број на заболени се зголеми на скоро два милиони.