Познатиот ТВ-водител Оливер Млакар, заштитен знак на емисијата „Малите тајни на големите мајстори на кујната”, ќе биде специјален гостин на регионалната конференција за храна „Фуд-ток 2015″, која ќе се одржи утре (9-23 часот) во ресторанот „Кањон Матка”, кој се наоѓа на самиот брег на езерото Матка.

На конференцијата ќе може да се добијат многу корисни информации околу здравиот начин на исхрана од познати нутриционисти и експерти, да се слушнат разни искуства на познати личности, кои патем ќе ги покажат и своите кулинарски вештини, да се дегустираат гастрономски специјалитети од Македонија, приготвени од врвни готвачи… и многу други работи поврзани со храната, а зачинети со звуците на „Тајфата”. Организатор на овој голем гастро-настан е групацијата „Колор-прес”.