Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со украинскиот претседател Петро Порошенко за ситуацијата во Украина, соопшти Елисејската палата. Во истото се вели дека разговарале за повеќе прашања како прекин на огнот, размена на затвореници и повторно почнување на дијалог со сепаратистите.

Оланд и Меркел ја нагласиле важноста за изнаоѓање на институционално решение за ситуацијата на истокот на Украина при што треба да се почитува територијалниот интегритет на Украина.  

Двајцата лидери апелираат Порошенко да ги спроведе реформите за да се подобри економската ситуација во Украина што е услов за меѓународна помош, се вели во соопштението. 

ММФ кој на Киев пролетва од планираните 27 како помош му даде 17 милјарди долари предупреди дека до крај на 2015 година на зермјата ќе и бидат потребни уште 19 милјарди долари. 

Украинските власти за возврат треба на Русија да и го вратат долгот за гас и да најдат решение за недостатокот на јаглен со кој се соочува земјата на почетокот на зимата.