x

ОК Вардар сите се негативни на „Ковид-19“

ok-vardar

Сите членови на ОК Вардар пред стартот на подготовките за новата сезона направија тест за „Ковид-19“. Во „црвено-црните“ редовите нема позитивни на коронавирус, па можат без проблем да ја одработуваат програмата за возбудливата сезона во која ќе имаат европски обврски.

Тимот на ОК Вардар утре ќе го дознае противникот во Челинџ Купот, кој ќе се игра во ноември. Што се однесува до домашниот шампионат, амбициите остануваат исти атак на титулата. Овој тим минатата сезона до прекинот на првенството поради пандемијата коронавирус немаше ниту еден пораз, но ОФМ одлучи да не прогласува првак и покрај нивната доминација и во женска и во машка конкуренција.

Инаку ова е второ тестирање, претходно еден член беше позитивен и истиот веднаш беше испратен во самоизолација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата