Тајни организации на моќни луѓе кои се реална власт и моќ во светот, свети и мистични култови, политички здруженија и верски организации… се прекриени со мистерија. Тајните друштва се групи луѓе кои се здружуваат за постигнување на заеднички цели и интереси, а таа цел е речиси секогаш – моќ. Парите се споредни, инструмент за создавање и одржување на моќта. Тие друштва не се слободни и отворени, во нив се влегува по препорака и гаранција на некој кој е веќе член на друштвото.

Нивните ритуали со векови се енигма за луѓето од целиот свет. Иако повеќето тајни друштва се основани со реални политички и религиозни цели, нивното инсистирање на тајност ги прави предмет на безброј критики и теории на заговор. Тие друштва имаат луѓе на високи позиции во државните власти ширум светот, индустријата и банкарството.

1. Друштво Билдерберг (Чувари на борбени авиони)

Билдерберг групата не е тајна по дефиниција, но делува на тој начин, па заради тоа е предмет на различни теории на заговор. Групата е основана во 1954 година, а оттогаш нејзините членови се собираат секоја година на една ексклузивна конференција. Таму доаѓаат светски лидери, банкари, економисти и медиумски магнати.

На конференцијата можат да присуствуваат само оние кои имаат покани. Друштвото е основано од страна на луѓе кои биле загрижени за ширењето на антиамериканската пропаганда која била силна по Втората светска војна. Но, со текот на годините, нејзините членови велат дека работат за да се постигне заемно разбирање помеѓу различните култури. На нивните конференции не е дозволено присуство на медиумите, ниту пак се издаваат некакви соопштенија, а местата на нивните средби ги чуваат вооружени лица, полицијата, па дури и воени единици, што предизвикува сериозни критики.

2. Илуминати (Новиот светски поредок)

Илуминатите се најпознатото тајно друштво, основано далечната 1776 година од Германската хуманистичка партија со цел да се спротивстават на суеверијата, предрасудите, на религиозното влијание врз јавниот живот, злоупотребата на моќ, но исто така и за поддршка на образованието за жените и родовата еднаквост. Од самото основање тие се поврзуваат со разни теории на заговор кои тврдат дека Илуминатите режирале многу катастрофи и економски кризи. Обвинети биле и за предизвикување на Француската револуција.

Тие официјално се распуштиле во 1785 година. Тоа што нема докази дека постојат и денес, ја прави оваа група уште помистериозна. За нив често се тврди дека диригираат со светски настани, а имаат за цел создавање на нов светски поредок. Нивната моќ се гледа по тоа што знакот на Илуминатите може да се види на банкнотите на американскиот долар. Разните теории велат дека многу важни луѓе припаѓале на Илуминатите, меѓу кои и претседатели на САД.

3. Туле друштвото (Супер расата од Атлантида )

Членовите на Туле друштвото верувале дека Германците доаѓаат од изгубената супер раса од Атлантида. За голем број тајни организации постојат сомневања дека имаат зли намери, но ова друштво е едно од ретките кои тоа го имаат докажано.

Основано во Минхен, 1918 година кратко по своето формирање, друштвото се трансформирало во организација која ја промовира идеологијата на ариевската раса и расистичките ставови кон Евреите и другите народи.

Во 1919 ја основале политичката организација – Германска работничка партија, чиј член станал младиот Адолф Хитлер. Членовите на друштвото верувале дека Германците потекнуваат од загубената супер раса од Атлантида и дека Хитлер бил долгоочекуваниот спасител. Тие му го предложиле кукастиот крст како симбол и “Сиег хеил# како поздрав.

4. Асасини (Хашиш-убијци)

Асасини (посветени на хашишот) биле мистериозна група муслимански убијци која делувала на Блискиот Исток во текот на 13 век. Таа е основана од страна на шиитски муслимани кои сакале да создадат утописка шиитска држава. Тие користеле герилска тактика против непријателите, вклучувајќи шпионажа, саботажа и политички атентати. Исто така инфилтрирале и добро обучени инсајдери во редовите на непријателот. Според легендата, пред атентатот тие пушеле една коцка хашиш, а на непријателските лидери често ми оставале во кревет нож и порака дека ќе бидат убиени. Тие имале непробојна тврдина во Иран – Аламут каде ред воспоставувал во 1090 Хасан ал Сабах. Тврдината била уништена од Монголите во 1256. Денес се верува дека ограноци и форми на оваа историска група се уште делуваат во арапските држави.

5. Масони (Бог и шестар)

Ова е едно од највлијателните друштва во светот кое се проценува дека брои околу шест милиони членови. Тајното друштво на Масоните е основано далечната 1717, но документите за неговото постоење датираат од 14 век. Друштвото на слободни ѕидари или масони започнало како братство на луѓе од исти филозофски идеи, вклучувајќи го и верувањето во врховно суштество.

Секој нов член на масоните мора да помине низ три различни степени пред да стигне до титулата мајстор. Членовите, исто така, имаат посебни правила за поздравување, вклучувајќи го ракувањето, посебни гестикулации и разни шифри. Нормално, нивните состаноци се држат во строга тајност и се забранети за оние кои не се членови. Нивниот симболи е шестар и линијар. Како членови на ова друштво се споменуваат Јохан Волфганг Гете, Кемал Ататурк, Џорџ Вашингтон и многу други влијателни луѓе од целиот свет.

6. Ред на ориентални Темплари (О.Т.О.) – (Ѓаволот и гола свештеничка)

Духовен основоположник на оваа група бил хемичарот Карл Келнер кој се занимавал со источен мистицизам. ОТО е основана во почетокот на 20 век и наводно има околу 3.000 членови. Половина во САД, а остатокот низ светот.

Тие го почитуваат својот сопствен верски систем наречен Законот Телма, кој во основа вели дека се што тие треба да прават, треба да го прават од љубов. Нивните ритуали вклучуваат повикување на египетски богови, ѓаволи, а за дел од нив треба и гола свештеничка. Други бизарни учења кои ги шират кај своите приврзаници се обожавање на фалусот и магијата на мастурбација. Ќерката на Боб Гелдоф, Пичес, јавно призна дека следбеничка на оваа група.

7. Витези – Темплари (вооружени христијани )

Витезите Темплари биле едни од првите и најпознати европски христијански воени групи чија мисија била да ја шират својата религија. Темпларите се формирале во 1118, околу два века откако Европските крстоносци го освоиле Ерусалим и ги масакрирале неговите муслимански жители.

Темпларите ги понудиле своите услуги на христијанскиот крал Болдвин Вториот и дале завет дека ќе го бранат неговиот град од сите непријатели. По падот на Акра во 1291, Темпларите се вратиле во Европа, но францускиот крал Филип ги уништил во 14-от век.

8. Кју Клукс Клан (Расна војна)

Расистичката организација настанала во Америка и е позната по своето екстремно насилство. Во врвот на својата моќ овој клан броел околу четири милиони членови, но денес е многу влијателна група која работи во тајност. Тие заговараат за супериорност на белата раса, антисемитизмот, расизмот, антикомунизмот и хомофобија.

Во својата историја, членовите на овој клан имаат извршено бројни убиства на црнци и подметнување пожари на нивни објекти, а веруваат дека расната војна е неминовна. Членство драстично им се намалило во текот на Втората светска војна поради учество на истакнати членови на организацијата во различни кривични дела, како и неговата поддршка на нацистите.

9. Черепот и коските (Владетелите на Америка )

Ова е најмалку тајното друштво од сите и е основано во 1832 година на Универзитетот Јеил. Нему му припаѓаат многу државни претставници на високи функции и најмалку три американски претседатели, но и луѓе од странство.

Тие се среќаваат двапати неделно и изведуваат разни ритуали. Секоја година нивните сениори пратат 15 помлади потенцијални членови и проценуваат кој од нив ќе се придружи на групата следната година. Некои велат дека секој нов приврзаник добива 15.000 долари и посебен стар часовник. Оваа група е посветена на остварување на личен успех на нејзините членови, а многумина од нив се сенатори, претседатели на компании, банкари, политичари, како што се Рокфелер и Буш. (медиа.мк)