На фестивалот се очекуваат повеќе од 6 милиони посетители. Мината година, фестивалот го посетиле 6,3 милиони посетители, кои испиле 6,1 милиони литри пиво. Цената за еднолитарската кригла оваа година изнесува рекордни 7 евра. Покрај неколку тони переци и слатки, на “Октоберфест” ќе бидат искркани 500.000 пилиња, 200.000 кобасици и стотина волови на жар. Првиот ден, 6.000-те места во главниот шатор, веднаш биле пополнети, така што многу туристи останале да чекаат неколку часа за да добијат место во еден од преостанатите 14. шатори. На баварскиот гувернер Едмунд Штојбер, кој бил придружуван од неговата сопруга, облечена во традиционален баварски народен фустан, му била дадена првата кригла пиво, но тој потоа пиел безалкохолно пиво и ги следел настаните од балкон.