x

Окриашвили: Со Македонија си ги знаеме добрите и лошите страни

okriashvili

И грузиската репрезентација продолжува да се подготвува за финалето на плеј-офот со нашата репрезентација в четврток во Тбилиси. Офанзивниот играч на Грузијците, Торнике Окриашвили, во пресрет на историскиот меч вели дека дуелот е најважниот меч за целата нација.

„Македонија е добар тим, двапати игравме и си ги знаеме и добрите и слабите точки едни со други. Ова е најважниот меч за целата нација. Тимот е во одлично расположение, сите со нетрпение ја очекуваат средбата. Ние сме многу поврзани, грузискиот тим е едно големо семејство, сите стоиме рамо до рамо и на теренот и надвор од него. Ова расположение влијаеше и на нас во настапите досега. Се трошиме до крај и тоа е она што мислам дека е причината што продолжуваме да бидеме успешни во Лигата на нациите. Добив многу пораки од навивачите и знам дека сите со нетрпение ја очекуваат оваа средба. Ви благодарам за вашите охрабрувачки зборови“, изјавил фудбалерот на кипарски Анортозис.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата