Околу 4.000 грчки компании кои на своите производи го имаат терминот „Македонија”на меѓународните пазари, ќе мора да го заштитат со цел да избегнат проблеми поради Договорот за решавање на името, изјавил претседателот на Федерацијата на индустрии на Северна Грција (СББЕ), Атанасиос Савакис, пренесува МКД.мк

При претходните слични случаи, ваквата активност чинела 2.000 евра по име, а подоцна цената се зголемила на 8.000 евра за заштита на едно име на производ.

Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини”, според Савакис, во канцеларијата на ВИПО во Женева се уште не стигнало ниту едно барање од грчка компанија за заштита на име на производ, а веќе пристигнале две барања од Македонија, додека во ЕУИПО во Аликанте, Шпанија 24 грчки компании го регистрирале името „Македонија” на своите производи.