Во огнената стихија, која се шири со голема брзина, досега загинаа 17 луѓе, а 150 се водат како исчезнати.

Пожарот зафатил повеќе од 46.500 хектари земјиште од неделата поради сувото време и силниот ветар.

Повеќе од 90.000 домови и фирми во окрузите Сонома и Напа се без струја, а испораката на гас е прекината за повеќе од 28.000 домови.

Десетици илјади луѓе беа приморани на евакуација. Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во окрузите Напа, Сонома и пет други.