x

Озил оди во клубот на својот кум!?

ozil-erdogan

Дали конечно ќе го видиме Месут Озил на терените, а не на клупата на Арсенал. Германецот веќе подолго време на социјалните мрежи порачува дека е спремен за игра, но Артета не го уфрла во екипата. Јасно е дека Арсенал сака да се ослободи од плејмејкерот кој заработува многу пари. Досега Озил ги одбиваше сите понуди, Фенербахче се интересираше за него, но не успеа да го убеди. Сега англиските и турските медиуми пишуваат дека можна е преселба на Озил во новиот турски првак Башакшехир.

Пред неколку денови Башакшехир, кој има блиску врски со претседателот Ердоган, ја освои првата титула шампион на Турција, па сака уште повеќе да го засили тимот за идната сезона во која ќе игра во ЛШ.

Ако не сте знаеле Ердоган му е кум на Озил. Можно е кумството да биде клучно во изборот на Озил на новиот клуб. Ваква солуција Ердоган најави пред една година, но сега има најголеми шанси да го донесе Озил во своите редови.

Turkey's Erdogan is best man at footballer Mesut Ozil's wedding ...

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата