Озел во болница
Турската ракометна интернационалка, централниот бек на Кометал ЃП, Јелиз Озел од вчера е во болницата “Мала Богородица” – Сестина поради болки во стомакот. Според зборовите на лекарот на екипата Маја Неделковска таа ќе остане таму и во текот на денешниот ден каде ќе и биде извршен дополнителен лекарски прегледи. Завчера таа се пожалила на здравствени проблеми и по првичните прегледи кај Неделковска двете заминале во болница на комплетни испитувања. (В.П.)