x

Од 2016 па наваму, Гвардиола на засилувања потрошил милијарда евра!

pep-liga-sampioni

Според Трансфермаркт, Пеп Гвардиола во Манчестер Сити од 2016 година па наваму, потрошил на засилувања неверојатни 994 милиони евра или близу милијарда евра. Тој е тренерот кој е најголем трошаџија кај тренерите и пак не може ни да дојде до шанса да го освои пехарот во Лигата на Шампионите. Во последните две сезони дури ни во Премиерлигата не може да дојде до пехарот.

На второ место е Ернесто Валверде, кој како тренер на Барселона потрошил на нови играчи дури 774 милиони евра. Да потсетиме дека во негово време на “Камп Ноу“ пристигнаа Дембеле, Гризман и Кутињо. На третата позиција е Антонио Конте со 677 милиони евра.

Целата листа на десетте тренери кои се најголеми трошаџии ја имате подолу, а интересно е тоа што Јирген Клоп е на последното десето место. Дека не е се во парите доказ е фактот дека Клоп со Ливерпул во овој период има две финалиња во ЛШ и освоено еден пехар, а лани по три децении ја освои и Премиерлигата.

И дефнитивно деке не е се во парите уште поголем доказ е фактот што на оваа листа го нема Зинедин Зидан, човекот кој со Реал Мадрид освои три пехари во Лигата на Шампионите.

Ама кој да им го каже тоа на пребогатите шеици во Сити кои и натаму сметаат дека го имаат најдобриот тренер во светот.

ТАБЕЛА

1.ПЕП ГВАРДИОЛА 994.000.000 евра

2.ЕРНЕСТО ВАЛВЕРДЕ 774.000.000

3.АНТОНИО КОНТЕ 677.000.000

4.ДИЕГО СИМЕОНЕ 650.000.000

5.УНАИ ЕМЕРИ 645.000.000

6.МАСИМИЛИЈАНО АЛЕГРИ 623.000.000

7.ЖОЗЕ МУРИЊО 611.00.000

8.МАУРИЦИО САРИ 599.000.000

9.ТОМАС ТУХЕЛ 528.000.000

10.ЈИРГЕН КЛОП 525.000.000

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата