x

Од 11. до 19. декември ќе се одиграат 49. претсезонски дуели во НБА-лигата

nba-logo-novo

НБА објави дека клубовите ќе одиграат од два до четири натпревари во периодот од 11. до 19. декември.

Шампионот во НБА лигата, ЛА Лејкерс ќе ги одмери силите против против Клиперс на 11. и 13. декември, додека потоа ќе излезе на мегдан против Феникс на 16. и 19. декември.

Мајами, шампионот на Источната конференција, закажа само два подготвителни натпревари, на 14. декември против Њу Орлеанс на домашен терен, а потоа на 18. декември ќе игра против Торонто во нивниот привремен дом во Тампа.

Орландо, Аталанта, Њујорк, Детроит, Хјустон, Чикаго, Сакраменто, Портланд, Шарлот, Феникс, Кливленд и Лејкерс ќе одиграат по четири натпревари пред стартот на сезоната.

Минесота, Голден Стејт, Оклахома, Сан Антонио, Далас, Милвоки, Торонто, Денвер, Вашингтон, Јута, Индијана и Клиперс ќе одиграат по три натпревари, додека Бруклин, Бостон, Филаделфија, Њу Орлеанс и Мајами се одлучија за два натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата