На вчерашното ТВ гостување на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев обелодени дека постигнале договор со СДСМ за можноста да се гласа и на места каде има Македонци, но нема ДКП на што СДСМ подоцна се предомислиле и го отфрлиле овој предлог. Зачудува ваквиот ингнорантски однос на владејачката партија, ако се земе во предвид дека ЈАВНО особено министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми се залагаат за продлабочување на соработката на Македонските иселеници со Македонија, велат од Македонската заедница во Малта.

-Ние, како заедница веќе подолг период бараме да ни се обезбедат услови за да видиме активно вклучени во гласање. Иако премиерот Зоран Заев при неговата посета во Малта пред две години ВЕТИ дека во скоро време ќе се отвори амбасада, па со тоа ќе имаме и услови за гласање во Малта, до ден денес тоа не се случи. Дали овие лажни претставувања на двоецот Заев-Адеми имаат за цел само разнебитување на македонското иселеништво, притоа глумејќи лажна посветеност за истата? Зошто сеуште не е исполнето ова ветување на Заев за отворање на амбасада во Малта, ако се знае дека бројката на Македонци кои живеат и работат овде се движи некаде околу 5000-6000 илјади наши граѓани? Дали Македонската заедница во Малта е жртва на политичките калкулации на овие двајца несреќници кои единствена цел не им се Македонските граѓани во иселеништво туку само ним добро познатите тендер бизниси и останување на власт?

Јавно го повикуваме целокупното Македонско иселеништво да застане зад идејата да се овозможи гласање и онаму каде што нема ДКП.

Почитуван премиере и министер задолжен за дијаспора, дозволете целосно гласање во дијаспората само така ќе може да докажете дека навистина дијаспората стои позади вас и навистина сте направиле нешто за неа. Се останато ќе го сметаме како јасно изразен страв од Македонците кои живеат во иселеништво!, потенцираат од Македонска заедница во Малта.