x

Од Ферари порачаа: Исклучете ги емоциите при донесување одлука за продолжување на Формула 1

Првиот човек на Ферари Матиа Биното смета дека одлуката за продолжување на Формула 1 мора да биде донесена рационално, а не со емоции, сметајќи дека треба да се направат уште некои анализи пред да биде одлучено кога ќе се продолжи. Првите две трки веќе се пропуштени, а ќе се пропуштат уште седум трки.

Јасно е дека многу екипи се мачат, но од друга страна постојат тимови како ние кои сами ги дизајнираат и кои го изработуваат секој дел од болидот. Последниот состанок одржан во понеделникот беше контруктивен и пред да донесеме конечна одлука, потребно е да се направат уште некои важни анализи. Да се разбереме, одлуката за продолжување на сезоната не смее да биде донесена со емоции туку мора да биде рационална“, изјави Биното.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата