Од убава жена, препознатлива по впечатливата насмевка и многу неуспешни љубовни врски, една од најхаризматични појави во Холивуд глумицата Џулија Робертс за својот брак вели дека и е столб во животот.

Иако за својот избор е окарактеризирана како “растурачка на бракови”, таа денес живее во зедница со снимателот Даниј Модер и нивните три деца.

Медиумите често пишуваат за “несогласувања” во нивниот брак, но тие со години опстојуваат.

Џулија го запознала Модер 2000 година на снимање на филмот “Mexican”.

Тој бил во брак со Вера Стајнберг, а таа во врска, но страста се разгорела.

Глумицата после таа средба рекла:

“Моментално се заљуббив во него. Сакав да бидам со него. Неможев да престанам да мислам на него, а знаев дека ќе имам проблем”

После , месеци криење, двајцата ги прекинале врските со тогашните “први партнери” и почнале да функционираат како вистински пар.

 

Сепак, семејството на Модер доста бурно реагирало на сите тие настани и не сакале да ја прифатат Џулија. Прва тоа го направила мајката на Модеро, Пети, но набрзо после тоа доживеала фатален срцев удар. Причина повеќе да ја обвинат Џулија за несреќен склоп на околности. Сепак во чест на починатата Пети, семејството одлучиле да ја прифатат глумицата, а парот се венчал 2002 година.

Наводно спрема холивутските приказни, првите кризи во бракот почнале неколку месеци после венчавката бидејќи Модер никогаш неможел да се помири со тоа дека има толку славна сопруга.

За британскиот “Harpers bazaar” холивитската глумица рекла за себе:

“Пред да го запознаат Дани сама на себе си бев доволна. Бев размазено суштество кое само брзаше и снимаше филмови. Се се смени кога го запознав . Кога ќе помислам што мојот живот го прави живот и поради кого или зошто има смисол, знам дека тоа е подари него. Денеска сум таква каква што сум бидејќи го имам него во својот живот”