x

Од следната сезона: Во Португалија судиите ќе покажуваат и бели картони

Португалската фудбалска федерација објави дека од следната сезона судиите на натпреварите од тамошното првенство ќе покажуваат и бели картони за фер-игра.

Правилото нема да важи за натпревари од Купот на Португалија, како и во елитната и вторите дивизии, кои ги организира Португалската фудбалска лига.

Белите картони се дизајнирани да ги наградуваат играчите и другите учесници во натпреварите за фер игра и етички правилно однесување. Во сезоната 2016/2017, сличен експеримент беше воведен во италијанската Серија Б. На играчите им беа покажувани зелени картони за фер-игра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата