x

Од септември, Ла Лига ќе се игра и со гледачи на стадионите?

Натпреварите во Шпанија ќе се играат со публика веќе од средината на септември. Ова се дел од оптимистичките прогнози на Ла Лига.

Намалувањето на пандемијата отвора нови хоризонти и првите луѓе на шпанскиот фудбал веќе ги разгледуваат опциите за враќање на навивачите на стадионите. Доколку нема повторен бран во Шпанија, Хавиер Тебас и луѓето околу него веруваат дека за почетокот на новата сезона во септември, вратите на стадионите можат да се отворат со 50 проценти од капацитетот.

Навивачите со сезонски билети ќе бидат првите кои ќе имаат можност да бидат на стадионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата