x

Од село па до тронот во Париз: Oва е младиот Словенец кој влезе во историјата на ТдФ

pogachar-e1600754050221

Големо изненадување на Тур де Франс 2020 година. Најпопуларната велосипедска трка која беше под знак прашалник поради коронавирусот, сепак, се одржа и на неа триумфираше 22-годишниот словенечки велосипедист Тадеј Погачар. Со тоа тој го впиша своето име во историјата на овој спорт по многу точки.

Тој е првиот натпреварувач од Словенија кој ја освоил трката (првиот од просторите на поранешна Југославија со триумф на ТдФ), тој е и втор најмлад победник во историјата на натпреварувањето после францускиот велосипедист Анри Корне кој во 1904 година триумфираше со 19 години, а воедно и втор кој во дебитантскиот настап во Франција се искачи на највисокото место на пиедесталот (првиот е Лоран Фињон во 1983).

ПРВИОТ СО ТРИ МАИЧКИ

Младиот Словенец е првиот велосипедист кој се закитил со трите маички. Жолтата за севкупна победа на ТдФ, потоа маичката со црвени точки како најистакнат во ридските етапи и белата која се доделува на најдобриот велосипедист до 23 години. Нешто слично претходно му се случило на Белгиецот Еди Меркс кој во 1969 година кој освоил четири маички, но да кажеме дека тогаш постоеле поинакви категории.

Ова беше фантастична авантура за мене. Не ни сонував дека овде во Париз ќе стојам на највисокото скалило. Морам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да се подготвам за трката, на мојот тим и мојата фамилија“, изјави Словенецот кој вози за екипата на Обединетите Арапски Емирати.

„БЕШЕ ВО ИНЗВОНРЕДНА ФОРМА И ПАК НЕ САКАШЕ ДА ГО ОСТАВИ ВЕЛОСИПЕДОТ“

Неговиот тренер Ињиго Сан Милан од тимот на ОАЕ во интервју за Еуроспорт изјави:

Го сретнав кон крајот на 2018 година, а веќе следната година се приклучи на тимот. Кога прв пат го видов си реков ова е тоа. Ова момче има импресивни психолошки параметри, ментална сила каква што многумина немаат. Погледнете ги снимките од трките на хронометар, додека кај сите се гледаше паника и нервоза, тој беше смирен и опуштен. Тој си има посебен режим на исхрана и работа која му помага“, изјави Милан кој раскажува за уште една интересна случка.

Во мај беше во толку добра кондиција што му реков да си земе слободна недела, да одмори, да го остави велосипедот. Тој ме игнорираше. Ми рече: ’Нема шанси’“, вели неговиот тренер.

ПОВИКАН ВО ОАЕ ПОСЛЕ ОТКАЖУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Во 2019 година пред еднонеделната трка во Алграве (Португалија) неколку членови на ОАЕ тимот поради болест се откажаа од настап. Па така е повикан Погачар со уште неколку млади велосипедисти да ја пополни „дупката“. А тој победи во втората етапа и ја облече жолтата маичка и не ја симна во наредните пет етапи кои го предводеа до триумф. Тоа било знак дека ова момче има квалитет и потенцијал за големи нешта. Така ОАЕ го задржал во своите редови. Следната трка, еднодневна авантура во Баскија го освојува шестото место. Така почнува неговиот подем кон височините.

РОДЕН ВО СЕЛОТО КЛАНЕЦ, БРГУ ОД МЛАДИНСКА ВО СЕНИОРСКА КАТЕГОРИЈА

Погачар е роден во селото Кланец кое брои нешто помалку од 300 жители. Спортските почетоци ги имал со топката. Во основно училиште тренирал и играл фудбал во локалниот НК Коменда. Го променил спортот после средба со тренерот Миха Конциљ, кој тогаш барал млади членови за велосипедската асоцијација Рог Љубљана. Во декември 2007, на девет години, во зимски услови почнал да тренира со велосипед за веќе во април 2008 да ја извозе првата трка во Трстеник во близината на Крањ.

Завршил средно техничко училиште во Љубљана, а од таму се запишал на Факултетот за спортски менаџмент во Крањ, но поради интернзивните тренинзи и настапи, студиите ги ставил во мирување.

Во неговата биографија стои дека како јуниор победил во 2018 година на Тур де Алграве. Една година подоцна прешол со сениорска конкуренција и веднаш станал најмладиот победник на светскиот тур во Калифорнија. А исто така стои дека го освоил третото место во конечниот поредок на шпанската Вуелта.

Yellow fever in Slovenia: Tadej Pogacar and Primoz Roglic′s Tour de France  triumph | Sports| German football and major international sports news | DW  | 20.09.2020

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата