x

Од продавач на сладоледи до бразилски фудбалски репрезентативец

diego-carlos

Дефанзивецот на Севиља Диего Карлос блеска за шпанскиот клуб и логично го доби првиот повик во бразилската фудбалска репрезентација. 27-годишниот Карлос е во составот на „Селесао“ за квалификациските средби со Венецуела и Уругвај што ќе се играат овој месец за пласман на СП 2022.

Патот на Диего Карлос до светскиот фудбал и до „недопирливиот“ дрес на бразилската репрезентација е долг. Неговиот брат Жеферсон откри интересни детали за развојот на кариерата на одбранбениот фудбалер.

Тој и Диего потекнуваат од сиромашно семејство. Диего тренирал бос затоа што немал пари да си купи копачки, па тренерот му кули обувки за да тренира исто како и другите момчиња. Тој импресионирал на млади години, но за малку ќе се откажел од фудбалот затоа што морал да плаќа чланарина. Неговата фамилија немала пари за негов фудбалски развој, па тренерите одвојувале дел од платата за талентираниот фудбалер.

Карлос освен што тренирал фудбал, морал да работи. Продавал сладоледи, собирал зрна кафе, а и декорирал хали за забави и журки. Станувал во 6 часот наутро притоа тренирал и играл фудбал и работел.

Неговиот талент бил препознаен од тренерите во младинските погони на Сао Пауло. Тој му се приклучува на бразилскиот гигант и од тука почнува неговиот подем како фудбалер. Се сели во Европа откако португалски Есторил му овозможи да се развива на стариот континент (играл уште за Порто Б и за Нант). Сега е во Севиља и на пат да го запише првиот меч за бразилската репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата