x

ОД ПРОБЛЕМ ВО ПРОБЛЕМ: Премиерлигашите сега не сакаат да играат на неутрални стадиони!

Уште еден клуб од Премиер лигата се спротивстави на предлогот за продолжување на сезоната на неутрални терени. По Брајтон и Астон Вила, Ватфорд исто така го крена гласот против ваквиот предлог на лигата.

„Секако, јас сум свесен дека во овој момент не можеме да играме пред навивачи, тоа не треба да се потенцира. Но, сега ни е кажано дека можеби нема да можеме да играме на нашиот стадион. Дали е тоа фер? Со сите компромиси и ризици што постојат, од играчите се бара да завршат натпревар кој нема да биде како оној пред паузата, а тоа може да го загрози постоењето на мал клуб како Ватфорд во Премиер лигата“, изјави претседателот на Ватфорд.

Островските медиуми известуваат дека најверојатно нема да има гласање за овој предлог на состанокот во понеделникот, но тоа би можело да се случи во втората половина на мај. За предлогот да помине, потребни се 14 гласа од 20 клуба во Премиер лигата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата