Конечно дојде време да се врати и најпопуларната Премиер Лига, а не можеше да добие подобра најава од онаа што му ја даде Миа Калифа.

Поранешната ѕвезда на филмови за возрасни направи список со 11 најдобри фудбалери во Премиер лигата.

Позната како голема навивачка на Вест Хем, Миа ги стави во „идеалниот тим“ Фелипе Андерсон и Деклан Рајс, а таа објасни зошто тоа е нејзин омилен тим.

 – Тоа е затоа што не знам многу за Премиер лигата, иако уживам во игрите. Некои ќе речат дека мојот избор е контроверзен, но треба да знаете дека не сум „образована“, така што изборот е таков – рече Калифа на нејзиниот канал на ЈуТјуб.

И тимот изгледа вака. Рајан од Брајтон е на голот, одбрана се Рајс (Вест Хем), Ван Дајк (Ливерпул), Мегвајер (Манчестер Јунајтед) и Вокер (Манчестер Сити). Четворицата во средниот ред се Џејмс (Манчестер Јунајтед), Мој (Брајтон), Андерсон (Вест Хем) и Стерлинг (Манчестер Сити), додека Кејн од Тотенхем и Салах од Ливерпул се задолжени за давање голови.

Со неа на клупата, можеби овој шарен тим би забележал добри резултати.