Венецуелката Габриела Спаниќ (46), актерката со хрватско потекло, на социјалните мрежи објавила фотографија на која изгледа како восочна фигура. Габриела се прослави со улогата во мексиканската теленовела „Злобничка“ и важеше за една од поубавите актерки, но сега судејќи според коментарите на фановите изгледа како восочна кукла. 

Очигледно актерката која имаше поблаги црти на лицето претерала со ботоксот, па сега не изгледа ни приближно како некогаш. На фотките кои ги објавува во последно време има „замрзната“ насмевка и на лицето нема ниту една брчка. Па не случајно и фановите и порачале дека треба да намали со ботоксот зашто секако е убава.