Претседателот на поранешната заедница СЦ, Светозаср Маровиќ, од неоддамна почна да се занимава со приватен бизнис. Во моментов амбициозно се зафатил со мега рокерски проект, легендарните “Ролингстонси” летово да ги донесе во Будва. За остварување на таа цел тој ги ангажирал сите свои пријатели и познаници од европскиот естаблишмент, под мотото: промоција на црногорскиот туризам.