Вкупно 123 мигранти и бегалци пристигнале на островот Лезбос во новата година, по полноќ, соопштија грчките власти.

Тие пристигнале на три бродови, јавува грчката новинска агенција „АНА“.

Истовремено, за време на новогодишната ноќ, 134 мигранти и бегалци стигнале на североисточните острови на Егејот.

Според полицијата, бројот на мигранти кои пристигнале на грчките острови во текот на декември 2019 година достигна 5.224.

Повеќето дојдоа во Лезбос (3.681), потоа на Самос (878) и Кос (688).

извор: Makfax